SR EN

ДУТ, студентите по новинарство плаќаат 50 евра за пракса

Objavljeno: 16. 05. 2018.

Студентите на Факултетот за новинарство на Универзитетот во Тетово, во текот на 8-миот семестар, како задолжителен предмет имаат професионална пракса. Иако предметот го полагаат бесплатно во телевизиите, радијата и весниците во кои одат на пракса, факултетот бара од студентите да платат по 50 евра за извршување на праксата. Повеќето студенти се противат, но се плашат да зборуваат пред камера.

“Скапо ми изгледа, ние ја вршиме праксата во приватни медиуми, додека парите треба да ги уплатиме на универзитетската сметка. Не знам зошто ни се бара такво плаќање. Има некои студенти кои платија и тие сакаат да ја знаат причината за оваа исплата. Нема одреден датум ниту известување за оваа исплата. Колку што имам информации, се ризикува влезот на испит и дипломирањето на студентот”, вели еден од студентите

На прашањето на Алсат за реакциите на студентите, од Тетовскиот универзитет одговорија дека плаќањето е во согласност со Законот за високо образование и правилниците на Универзитетот.

“Сенатот на Универзитетот, на состанокот одржан на 11 јуни 2014 година, донесе одлука за висината на финансиските средства за учество и кофинансирање, како и други трошоци за студии во првиот и вториот циклус од универзитетските студии. Исплатата на студентската практика на програмата за новинарство се спроведува во согласност со Законот за високо образование и горенаведената одлука”, велат од  ДУТ

Истиот модел се применува и на други студиски групи – како природно-математичките, биологија, хемија и физика, на Филолошкиот факултет и други.

https://www.alsat-m.tv/mk/%D0%B4%D1%83%D1%82-%D1%81%D1%82%D1%83%D0%B4%D0%B5%D0%BD%D1%82%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%BF%D0%BE-%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D1%80%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%BE-%D0%BF%D0%BB%D0%B0%D1%9C%D0%B0%D0%B0/

Dodajte komentar