SR EN

MON i SONK o platama

Objavljeno: 25. 09. 2019.

Министерството за образование и наука (МОН) и Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) ги продолжуваат преговорите за зголемување на платите на наставниот кадар. Тие имале средба минатата недела, а ќе имаат и во наредните денови, но не е разговарано, како што рече ресорниот министер Арбер Адеми, за конкретен процент за покачување на платите.

СОНК на првиот училиштен ден одржа предупредувачки штрајк со барање платите на вработените во образованието да бидат зголемени за онолку проценти за колку што е зголемена минималната плата во државата, односно до 25 отсто, и даде рок до крајот на месецов за усогласување со МОН, најавувајќи протести од октомври ако нема решение.

- Можеби оваа недела повторно ќе имаме средба. Важно е дека има конструктивен дијалог, има сериозен пристап од наша страна за да има идно покачување на платата во дејноста образование. Но, конкретен процент на идно покачување на платите досега немаме понудено. Така што, продолжуваат на најдобар и најконструктивен начин преговорите за подобрување на материјалниот статус на сите вработени во дејноста образование - изјави Адеми.

Во врска со недостигот на учебници по некои предмети и во некои училишта, министерот рече дека учебниците што имаат дозвола за употреба од минатиот период се во употреба, а во врска со учебниците по историја посочи дека за да има каква било промена, треба да имаат финален став од меѓудржавните комисии и со Бугарија и со Грција, а тоа треба да помине и на Влада.

- Така што, евентуално за која било новина во содржините на учебниците јавноста ќе биде навреме известена. Досега немаме некој финален исход од меѓудржавните комисии - рече Адеми.

Тој додаде и дека сите учебници што МОН ги откупува од издавачките куќи веќе се обезбедени и дистрибуирани. Но, за учебниците за кои МОН го има ексклузивното право и за кое треба да определи оператор за печатење, јавната набавка е во финална фаза.

- Минатата недела имаше електронска аукција и оваа недела треба да имаме одлука за избор и да определиме кој ќе биде операторот. Во последниве четири-пет години не сме имале успешна јавна набавка во овој дел, бидејќи јавните набавки биле поништени или преку некоја втора инстанција или во судски процес, така што сме на добар пат и веќе постапката е заокружена, завршена. Електронска аукција имаше минатата недела, така што оваа недела треба да се донесе одлука за избор поврзана со јавната набавка. Така што и тие учебници, како што е учебникот по историја и други учебници – мајчин јазик итн. што последниве четири-пет години не биле новопечатени, ќе бидат печатени и ќе се дистрибуираат - информира министерот.

Адеми денеска присуствуваше на меѓународен семинар на кој учествуваа претставници од земјите со статус кандидати за членство во ЕУ, посветен на поврзаноста на образованието со пазарот на трудот.
 

На отворањето на семинарот тој информира за реформите што Владата и МОН ги прават за модернизирање на стручното образование и обука. 

https://www.fakulteti.mk/news/25092019/mon-i-sonk-gi-prodolzhuvaat-pregovorite-za-platite-na-nastavnicite

 

- Четиригодишното стручно образование е целосно реформирано, со повеќе од илјада нови модуларно дизајнирани наставни програми. Продолжуваме и со конкретни активности за поддршка на средните стручни училишта и за формирање реални училишни компании каде што МОН доделува конкретни грантови, како и во делот на опремување на средните стручни училишта. Овие активности ќе продолжат и во следниот период бидејќи подигнувањето на квалитетот на средното стручно образование е врвен приоритет на МОН и на Владата - истакна Адеми. 

Dodajte komentar