SR EN

УКИМ падна 20 места на листата на Центарот за рангирање на светските универзитети

Objavljeno: 11. 05. 2022.

Центарот за рангирање на светските универзитети (CWUR), кој е консултантска организација лоцирана во Обединетите Арапски Емирати, објавува ранг-листа на универзитетите во светот од 2012 година.

Во рангирањето, организацијата зема предвид повеќе фактори, како квалитетот на образованието и вработените и истражувачкиот придонес на универзитетите, според нејзината веб-страница.

Организацијата неодамна ја објави ранг-листата од 2.000 најдобри универзитети во светот за 2022 и 2023 година. Единствен универзитет од нашата земја на листата е Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ), кој се наоѓа на 1.964. место. Во споредба со претходната ранг-листа објавена минатата година, УКИМ паднал за 20 места, со оглед на тоа што тогаш бил на 1.944. место.

Во годинашното рангирање Универзитетот „Харвард“ од САД се наоѓа на врвот, а по него следуваат Технолошкиот универзитет во Масачусетс и „Стенфорд“, кои исто така се наоѓаат во САД. Во продолжение е листата со 10. најдобри универзитети според рангирањето.

1. „Харвард“, САД
2. Технолошки институт во Масачусетс, САД
3. „Стенфорд“, САД
4. Универзитет во Кембриџ, Обединето Кралство
5. Универзитет во Оксфорд, Обединето Кралство
6. „Принстон“, САД
7. Универзитет во Чикаго, САД
8. „Колумбија“, САД
9. Универзитет во Пенсилванија, САД
10. Технолошки институт во Калифорнија, САД

Извор: CWUR
Насловна фотографија: УКИМ/Facebook

Dodajte komentar