SR EN

Zemlje u kojima je visoko obrazovanje besplatno

Objavljeno: 25. 09. 2019.

Додека САД се соочуваат со криза во однос на тоа кој може да си дозволи факултет, студентите од другите развиени земји воопшто не плаќаат за високото образование. 

Од 36 развиени демократски земји што се дел од Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), само седум ги субвенционираат партиципациите за јавните колеџи и универзитети. 

САД, пак, наплаќаат најмногу пари за студирање од сите земји. Просечната годишна партиципација за јавните колеџи е повеќе од 6.000 долари. Кога ќе ги додадете трошоците за живеење, за книги и другите трошоци, просечното студирање на јавен универзитет би чинело околу 25.000 долари. 

Користејќи извештај на ОЕЦД, „Бизнис инсајдер“ ги анализирал земјите каде што граѓаните не плаќаат партиципација. Ова се седум земји каде што студентите имаат бесплатен пристап до образованието
 

1. Шведска не наплаќа партиципација ни на јавните ни на приватните колеџи


Процент на млади лица што планираат да одат на универзитет: 68%

Ниво на јавни трошоци на терцијарно образование по студент (во американски долари): 20.864

2. Данска троши 0,6 отсто од вкупниот БДП на субвенции за студенти

Процент на млади лица што планираат да одат на универзитет: 55%

Ниво на јавни трошоци на терцијарно образование по студент (во американски долари): 17.634
 

3. Финска исто така обезбедува дарежливи школарини и грантови за финансирање на студиите и трошоците на младите


Процент на млади лица што планираат да одат на универзитет: 69%

Ниво на јавни трошоци на терцијарно образование по студент (во американски долари): 15.402

4. Ирска обезбедува студии со платена партиципација за повеќето студенти уште од 1995 година

Процент на млади лица што планираат да одат на универзитет: 51%

Ниво на јавни трошоци на терцијарно образование по студент (во американски долари): 16.284

5. Партиципацијата во Исланд варира во зависност од полето на студии поради разликите во чинењето на студиите и побарувачката на пазарот на труд

Процент на млади лица што планираат да одат на универзитет: 77%

Ниво на јавни трошоци на терцијарно образование по студент (во американски долари): 10.429
 

6. Норвешка плаќа најмногу за субвенции на колеџите, трошејќи 1,3 отсто од годишниот БДП


Процент на млади лица што планираат да одат на универзитет: 77%

Ниво на јавни трошоци на терцијарно образование по студент (во американски долари): 18.942

7. Република Чешка обезбедува мали субвенции за да им помогне на студентите со трошоците за студирање надвор од покривањето на трошоците за партиципација

Процент на млади лица што планираат да одат на универзитет: 59%

Ниво на јавни трошоци на терцијарно образование по студент (во американски долари): 8.738.

https://www.fakulteti.mk/news/22092019/sedum-zemji-vo-koi-visokoto-obrazovanie-e-besplatno

1 komentara

Dodajte komentar

  • Visokošolsko šolanje na 1. in 2. (Master) sopnji je brezplačno. Lp Stane Pejovnik
    spejovnik 1 month ago
    Prepopučujem (0) Ne prepopučujem (0)